Sign In

Царева ракија – бела и жолта

Царева ракија – бела и жолта

Опис на производот

За нарачка на производот, може да нè контактирате на 079404449

Долгата традиција на природни овошни ракии во семејството Димитриески нè враќа на рецептите од пред неколку генерации. Денес, со гордост ја продолжуваат оваа наследна вредност збогатувајќи ја со иновативност и уникатност. Нивната мисија е да ги прошират границите на вкуост и да ги промовираат македонските производи, скапоцена природа и незаборавните моменти.

Признанија кои го докажуваат квалитетот на ракијата се освоените медали на Меѓународниот натпревар во Кавадарци, и тоа лозовата ракија на Царева освои златен медал, сливата сребрена, а ракијата од јаболка бронзен медал

Бела лозова ракија – најпроучен македонски аператив, зреена 12 месеци во инокс-буриња/танкери, кристално бистра, питка ракија со богат и пријатен мирис. Добиена од 100% македонско (охридско) грозје. Алкохол: 50%

Бела Ракија од слива – неверојатен благ мирис и едноставен вкус на слива. Зреена 12 месеци во иноксни буриња, бистра и безбојна, свежа со мек завршеток. Произведена од сортите чачанска лепотица и стенли. Алкохол: 50%

Бела ракија од јаболко – питом мирис и вкус кој доминира на јаболко. Направена од зрели и сочни плодови. Зреена 12 месеци во иноксни буриња. Произведена од сортите ајдаред, делишец и јонаголд. Алкохол: 50%

Жолта лозова ракија – хармонична, со зрел вкус и примамлива природна арома на чоколада и карамела, со изразито сладок вкус и дискретен мускат. Произведена од сортите хамбург, жупљанка, ркацители. Уникатен вкус со долг и нежен завршеток. 12 месеци зреена во дабови буриња. Алкохол: 40%

Жолта ракија од слива – незаборавен вкус што вреди да се проба, заведува со интензивен вкус и елеганција. Ракија за вистинските хедонисти. Моќна природна овошна арома на слива и сладок завршеток. Интересн вкус каде доминираат ароми на ванила, тутун и чоколада. 12 месеци зреена во дабови буриња. Алкохол: 40%

Жолта ракија од јаболко – интензивна природна овошна арома, неодолив вкус на јаболко препознатлив уште при првата голтка. Дискретен мирис на ванила и цимет, зреена во дабови буриња. Алкохол: 40%

Цената на ракијата Царева е следна:
0.1 литар – 120 денари
0.2 литри – 200 денари
0.5 литри – 560 денари
0.7 литри – 660 денари
1 литар – 760 денари