Sign In

Ресторан „Кај Џино“

Ресторан „Кај Џино“

Category:

Опис на производот

Ресторанот Кај Џино е прв оригинален италијански ресторан во Скопје, кој започна со работа на 18 мај 1997.

Неговиот сопственик и основач, Џино Гуацини, кој доаѓа од егзотичната Тоскана, Италија, е голем љубител на готвењето, кое го практикува во своето семејство, создава исклучителен тим од готвачи, креативни мајстори за пица и сладолед, инспиративни бармени и максимални професионални келнери.

Тој притоа ги учи сите нив на постапките за приготвување, на посебните вкусови, мириси, на душата на италијанската кујна, особено на Тосканската.

Во ресторанот Кај Џино има сè, ништо не недостасува: тестенини во сите верзии, шпагети, макарони, тортелини, равиоли, канелони, њоки, сите свежо замесени секој ден во ресторанот. Сите тие се рачно изработени од страна на вработените со помош на брашно од тврда пченица(еден вид гриз) и свежи јајца.

Ресторанот Кај Џино има повеќе од 50 вработени, и претставува еден од најпопуларните ресторани во Скопје, и секојдневно е во процес на своите гости да им пружи одлична храна и пијалоци, професионална услуга и врвен квалитет од светско ниво.