Опис на производот
Доколку ви е потребно бегство од секојдневните обврски и сакате да се опуштите, тогаш Берово е одличен избор за тоа. Берово е сместено под падините на Малешевските Планини, а важи за град со најголема концентрација на кислород во Македонија.
Постојат повеќе причини зошто да го посетите Берово, а меѓу нив се чистиот воздух, здравата храна, езерото, шумата, историјата и многу други атракции, а домаќините на Ани апартмани ќе се погрижат да имате извонреден престој.
Тие ќе се погрижат да се чувствувате како дома, без разлика дали ќе останете една ноќ или планирате да останете неколку дена во Ани Апартмани.
Во близина се наоѓа музејот на Берово, како и локални ресторани со здрава храна кои се сместени на само пет минути од апартманите.
За повеќе детали и резервации може да се јавите на телефонскиот број 078 396 391