Sign In

Tote Apartments

Tote Apartments

Category:

Опис на производот

Се издаваат нови и удобни апартмани каде што ќе поминете пријатни и незаборавни моменти во најпознатиот туристички град во Македонија – Охрид. Tote Apartments ви нудат сè што ви е потребно за релаксиран одмор.

Во непосредна близина на зградата во која се нашите два апартмани има супермаркети, пекара, зелено пазарче, ресторани, кафе барови, банки, полициска станица, такси централа, брза помош, автобуска постојка од каде се поаѓа за плажите на охридското крајбрежје.

Апартманите се наоѓаат во центар, на Булевар „Туристичка“ бр. 40, на 5 минути пешачење до главното шеталиште/пристаниште , 10-на минути пешачење до плажите „Сараиште“, „Потпеш“, „Канео“.

За да имате пријатен престој во нивните апартмани и да се чувствувате како дома ви нудат:

🌟 Бесплатен интернет

🌟 Led TV со оптичка кабловска телевизија

🌟 Лежај за двајца + фотеља на спуштање

🌟 Комплетно опремена кујна

🌟 Купатило со машина за перење алишта

🌟 Пегла, фен, чисти крпи

🌟 Клима inverter

🌟 Тераса

🌟 Лифт

🌟 Паркинг

За уште повпечатливи моменти на ваше барање ви нудат и лиценциран туристички водич кој професионално ќе ви го претстави културно историското наследство на Охрид со неверојатен попуст само за нашите гости.

За повеќе детали и резервација може да ги контактирате на тел. број: 📞 +38972561511