Опис на производот
Еден од најубавите ски-центри во Македонија се наоѓа на падините на планината Бистра, односно во Маврово, каде што љубителите на скијањето може да се опуштат на патеките со снег.
Без разлика на тоа дали сте љубител на зимските спортови или сакате да уживате само во природата и чистиот воздух, а ви треба пријатно и удобно сместување, тогаш го имаме вистинскиот избор за вас.
Mavrovo Twins Apartment располага со една спална соба, кујна, но и дневна соба со телевизор со вашите омилени програми. Исто така, апартманот има балкон и поглед кон шума.
Во „Станбениот комплекс Маврово“ се изнајмува комплетно наместен апартман, а за повеќе детали може да се јавите на телефонскиот број 078 236 861.