Sign In

Urban Vista Apartments

Urban Vista Apartments

Category:

Опис на производот

Urban Vista Apartments се комбинација на удобност, стил и прекрасен урбан поглед, а воедно и совршена локација за да ја истражите вистинската убавина на Охрид.

Сместувањето има поглед на градот, бесплатен интернет и приватен паркинг. Исто така, апартманите располагаат со комплетно опремена кујна со фрижидер, сопствено купатило со туш, како и телевизор.

Во близина на Urban Vista Apartments се наоѓа ранохристијанската базилика, Охридското пристаниште, како и многу други знаменитости кои треба да се посетат.

За повеќе информации и резервации може да ги контактирате домаќините на 071 360 161, како и на нивниот профил на Инстаграм (кликнете тука).