Sign In

Villa Morena

Villa Morena

Category:

Опис на производот

Доколку сте љубители на природата и сакате мир, а воедно да се чувствувате како дома, тогаш Вила Морена е вистинскиот избор за вас.

Вилата се наоѓа во тивка околина, во близина на Националниот парк Пелистер, а истата е опремена со сè што ви е потребно за пријатен престој.

Објектот располага со комплетно опремена кујна, безжичен интернет и паркинг простор за вашето возило, а максималниот капацитет на вилата е за 5 лица.

Во близина на Вила Морена има ресторани со вкусна храна, но и патеки за шетање доколку сакате да се опуштите во природа.

За повеќе информации и резервации може да ги контактирате домаќините на 078220609.