Маврово е вистински рај и дестинација која вреди да се посети во секое годишно време. Во зима се популарни зимските спортови, додека во останатите месеци се идеални условите за прошетка низ бујната природа која го нуди овој регион.
Вилата Мавро ви нуди удобно сместување со прекрасен поглед, а во непосредна близина се наоѓаат и неколку ресторани во кои ќе може да вкусите преубава храна.
Сместувањето располага со дневна соба, целосно опремена кујна, едно купатило, како и три спални соби каде што ќе може да се сместат до шест лица.
За повеќе информации и резервации може да ги контактирате домаќините на 078 675 271, како и на нивниот профил на Инстаграм (кликнете тука).
Leave a Reply