Вила Преспа е семејна куќа изградена од цврст камен, а сопственици се семејството Јосифовски кои во потрага по здрава околина за живот решиле да купат дом и да создадат прекрасна локација за посета покрај Преспанското езеро.
Домаќините во Вила Преспа им нудат на своите посетители уникатно животно искуство со престој во село како Долно Дупени, а притоа да уживаат во убавините кои ги нуди езерото.
Собите во оваа преубава вила се пространи и усредени. Тие имаат еден брачен кревет или два единечни кревети, како и дополнителен простор за седење. Собите имаат апарат за кафе и мини-бар, а некои од нив имаат поглед кон езерото.
Вила Преспа во 2024 година ќе прима резервации за престој од 20.04 до крајот на октомври, а доколку сакате да го посетите ова извонредно место, тогаш вашата резервација може да ја направите на телефонскиот број 075 243 944
Leave a Reply