Под падините на Малешевските Планини, се наоѓа градот Берово, а доколку ви треба вистински одмор надвор од урбаниот хаос, тогаш Вила Наџински е вистинскиот избор за вас.
Тоа што го нуди Берово едноставно треба да се доживее и почувствува, а прекрасната природа едноставно ќе ве остави без зборови, додека Вила Наџински ќе ви понуди удобен престој. Таа располага со пет двокреветни соби, а секоја од нив има свој тоалет, телевизор и мини фрижидер.
Сместувањето располага и со заедничка кујна и дневен престој за цела вила. Исто така, има и сопствен паркинг и огромен двор со многу зеленило, летниковци и скара додека во летниот период се поставува монтажен базен.
Вила Наџински се наоѓа на 1,5 километри од градот Берово во прекрасна природа, а за повеќе детали и резервации може да ги контактирате домаќините на телефонскиот број 078 290 969.
Leave a Reply