Vertical Hostel Mavrovo се наоѓа во срцето на планината, односно Националниот парк Маврово каде што ќе може да уживате во природата која ја нуди овој регион.
Хостелот се наоѓа на околу 6 километри од еден од најубавите ски-центри во Македонија, како и до неколку ресторани, барови и мини-маркет.
Домаќините нудат две четворокреветни соби, една двокреветна соба, како и дорм со 10 кревети.
Објектот располага со комплетно опремена кујна и тоалети, големо лоби со бесплатен интернет и кабелска телевизија, мала библиотека и многу друштвени игри.
Хостелот има и убав балкон со поглед на планината и езерото кое го одзема здивот, а домаќините ќе ви понудат и интересни тури за пешачење, планинарење во природа, јавање на коњи, возење велосипед и друго.
Доколку сте заинтересирани за престој во Vertical Hostel Mavrovo, кој работи од мај до октомври, може да се јавите на телефонскиот број 070371834.
Leave a Reply