Планинските куќи „Траска јутра“ се новоизградени куќи кои се наоѓаат на подрачјето на Националниот парк Тара во населбата Митровац.
Сместени се на одлична локација и опкружени со шума на пат за видиковецот „Бањска стена“. Во непосредна близина се наоѓа и детското одморалиште „Митраовац на Тари“, резерватот „Црвени поток“ и локалитетот „Тепих ливада“.
Во близина се наоѓаат и маркет, пошта, ресторани, а на 3,5 километри од објектите се наоѓа еден од најпознатите и најубавите видиковци со поглед на кањонот на реката Дрина и езерото Перуќац.
Куќичките се идентични и секоја од нив на приземје има дневен престој со трпезарија, купатило и кујна која е комплетно опремена со шпорет, фрижидер, тостер, миксер, садови и прибор.
На кат се наоѓаат две спални соби кои може да примат до пет лица, а исто така се обезбедени пешкири и постелнина од домаќините.
За повеќе детали и резервации може да ги контактирате на телефонскиот број +381658259811 (Вибер).
Leave a Reply