На само неколку километри од Охрид, во прекрасниот Национален парк Галичица се наоѓа уникатното сместување на семејството Неданоски кое ќе ви понуди незаборавно искуство и прекрасни спомени.
Селото Рамне се наоѓа Галичица и ви нуди мир и спокој во прекрасната природна убавина со која располага Националниот парк, додека Пирустија Неданоски ви нудат комфорно сместување и удобност.
Апартманите на Пирустија Неданоски располагаат со сопствена бања, телевизор, фрижидер, како и безжичен интернет, додека има и заедничка кујна, а исто така Неданоски ви нудат и традиционални македонски јадења кои ќе ве освојат со неодоливиот вкус.
За резервации и дополнителни информации, може да ги контактирате на 075 741 466.
Leave a Reply