Во падините на планината Бистра, со прекрасен поглед на Мавровското езеро се наоѓа волшебниот сместувачки капацитет на HAPPY Home & Apartments, кои ќе ви понудат пријатен престој.
Апартманот располага со една спална соба, една бања, постелнина, крпи, телевизор со рамен екран, трпезарија, комплетно опремена кујна и тераса со прекрасен поглед.
Во близина на апартманот се наоѓаат и скијачките патеки каде што може да уживате и да се забавувате во снегот доколку сте љубители на адреналински спортови.
Освен адреналинските скијачки патеки, во Маврово може да пронајдете и патеки за планинарење, но и планински велосипедизам, па дури и да не сте љубители на спортот, тогаш може да се опуштите во мирот, убавината и чистиот воздух на планината Бистра.
За повеќе информации и резервации може да ги контактирате домаќините на телефонскиот број 070 279 913.
Leave a Reply