Градот Охрид има вековна традиција, а доколку сакате сместување во срцето на стариот дел тогаш Апартмани Марија се вистинскиот избор за вашиот престој.
Апартманите се наоѓаат на само 50 метри од Охридското езеро, а на располагање е бесплатен јавен паркинг во близина на сместувачките капацитети.
Секој апартман е опремен со телевизор со рамен екран со кабелски канали и сопствена бања со туш, фен и тоалет. На гостите им е достапен и балкон, но и заеднички кафемат.
Петминутна прошетка ќе ве однесе до централниот плоштад во градот, каде што може да најдете голем број ресторани, кафетерии, барови и продавници.
За повеќе детали и информации може да ги контактирате домаќините на телефонскиот број 075 209 011.
Leave a Reply