Sign In

Охрид е културен, духовен и туристички центар на Македонија, а Охридското езеро е прогласено за светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО.

Градот го носи и епитетот „балкански Ерусалим“, а во него се спојуваат минатото и сегашноста. Охрид претставува идеално место за одмор, а доколку ви треба одмор, тогаш тука за вас се Апартмани Крчо.

Во рамки на куќата се на располагање два апартмани на првиот кат – Париз и Истанбул, како и едно студио на приземјето – Лондон.

Апартманот Париз е најголем и најубав, а сè што се наоѓа во него е во знакот на француската престолнина. Постелнините, часовник и останатото е со мотиви од Истанбул.

Апартманот Истанбул е исто така добар избор за вас, кој се одликува со детали од турскиот град, иако домаќините постојано се трудат да го надоградат амбиентот.

Студиото Лондон има мотиви од англискиот град, па така ќе се почуствувате за момент дека се наоѓате во познатиот град.

Сместувањето располага со паркинг, интернет, постелнина, клима уред, тостер, електричен бокал, фен, пегла со даска за пеглање (по потреба), кафе, чај, пешкири, шампон, прибор за готвење и останати детали.

За повеќе детали и резервации може да се јавите на телефонскиот број 076 304 504

Локација

Add Review

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Service
Value for Money
Локација
Cleanliness

Потврден огласувач