Апартманите Дурмитор се наоѓаат во центарот на Жабљак, на главната улица „Вук Караџиќ 13“. На само 100 метри од сместувањето се наоѓаат повеќе ресторани, локали, маркети и пазар.
Црното езеро од апартманите е оддалечено 3 километри од сместувањето, додека ски-патеката „Савин Кук“ е оддалечен 4 километри.
Објектот се состои од 4 апартмани, и тоа:
– 2 апартмани се со големина од 50 m2 и тие содржат дневна соба со комплетно опремена кујна, 2 спални соби и купатило, со капацитет до 6 лица.
– 2 апартмани се наоѓаат на вториот кат и имаат тераси. Едниот од нив е голем 20 m2 и има капацитет за 2 лица, при што содржи кујна и купатило. Вториот е поголем, односно 25 m2 и има капацитет за 4 лица, а се состои од дневна соба, кујна, купатило и галерија со еден брачен кревет.
Сместувањето нуди и бесплатен паркинг пред апартманите, но и можност за организирање на рафтинг, кањонинг, планинарски тури и тура со џип околу Думитор.
За повеќе информации и резервации може да ги контактирате на телефонскиот број +38164988049 (Вибер).
Leave a Reply