Sign In

Апартман Кула Бор

Nikiforovo, Mavrovo

Никифорово е прекрасно село кое се наоѓа во Националниот парк Маврово, на падините на планината Бистра на надморска височина од 1.260 метри, а во него е сместена уникатната Кула Бор.

Апартман Кула Бор е на сутерен од приватен објект, кој се наоѓа на шест километри од ски-центарот Маврово. Објектот е во мирна околина и има голем двор покрај кој тече Петилепска Река (Никифорска Река) која се влева во Мавровското езеро.

Чистиот планински воздух и звуците на природата се само дел од убавите моменти кои ќе ги доживеете за време на вашиот престој во Кула Бор.

Апартманот има површина од 60 m2 и се состои од дневен престој, спална соба за 4 лица (еден двоен и еден кревет на кат), балкон со поглед кон дворот, комплетно опремена кујна и тоалет со туш.

Греењето е централно во целиот објект, кој располага и со интернет, надворешно огниште и приватен паркинг. Капацитетот за сместување е за 4 лица во една спална соба и 2 лица на кревет на спуштање во дневна соба.

За повеќе информации и резервации може да се јавите на телефонскиот број 070 346 166

Локација

Add Review

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Service
Value for Money
Локација
Cleanliness

Потврден огласувач