Sign In

Блог

Последни вести
Не е Дестан! Овде го има најдобриот ќебап во Скопје

Не е Дестан! Овде го има најдобриот ќебап во Скопје

Сите што барем еднаш прошетале низ Старата скопска чаршија знаат каде е „Дестан“ – култното место за ќебапи кое со децении го носи статусот на традиција. Но, веднаш до него, скриено на аголот, постои една поинаква приказна, „Ќебапчилница Бренда“.

Иако е во сенка на познатиот сосед, ова место ги поместува границите на тоа што значи добар ќебап. На прв поглед скромно, но на вкус, врвно. Она што веднаш се забележува е квалитетот на месото, сочно, балансирано зачинето и секогаш свежо. Порциите се дарежливи, а разликата се чувствува уште од првиот залак.

Но, тоа не е се. Салатите? Тие се свежи и секогаш надополнети со сезонски производи и најубавото традиционално сирење. Цените? Пристапни, дури и пониски од очекуваното за овој квалитет. Има и нешто што ќе го израдува секој љубител на добрата скара, ладно пиво. Детал што, иако звучи секојдневно, прави голема разлика, бидејќи не е достапно во сите чаршиски ќебапчилници, па дури ни кај познатиот сосед.

Напишано од искуство, не од реклама, ова е препорака што доаѓа од чисто гастрономско воодушевување на посетител кој ги не уверува дека ги пробал најубавите ќебапи во Македонија токму тука.

Ако некогаш сте биле во Чаршија, или допрва планирате прошетка низ историјата, културата и вкусот на Скопје, не застанувајте кај првото познато име. Одете чекор понатаму. Скршнете агол. Откријте ја Бренда.

Верувајте – вреди.