„Св. Четириесет маченици“ наскоро ќе добие и црковно ѕвоно (Фото)
Kaj Смилковското Езеро, на просторот познат меѓу локалното население како Крст или Кршиколе, веднаш до скопската обиколница, се издига македонската православна црква посветена на Светите 40 Маченици од Севастија. Храмот е изграден како вечен споменик и место за молитва во чест на петтемина млади момчиња кои трагично го загубија животот во 2012 година.
Црквата се простира на површина од 150 квадратни метри, а околината е уредена во меморијален парк со површина од 6.000 квадратни метри. Комплексот опфаќа и камбанарија, голем крст, како и пет видиковци и симболично засадени пет бора – секој посветен на едно од убиените момчиња.
Наскоро ќе биде поставено и црковно ѕвоно кое беше изработено за црквата „Св. Четириесет маченици“.