Sign In

Блог

Последни вести
(Видео) Осветен крстот кој беше поставен во селото Николич

(Видео) Осветен крстот кој беше поставен во селото Николич

Во неделата, на 1 јуни 2025 година, на локалитетот „Градиште“ во селото Николич, општина Дојран, беше свечено осветен новопоставениот Свет крст. Церемонијата, која започна во 11 часот, се одржа на самото место каде што е поставен крстот, во присуство на бројни верници, мештани и гости од поширокиот регион.

Осветувањето беше во организација на црковниот одбор при храмот „Св. Ѓорѓи Великомаченик“ од селото Николич, кој со посветеност го реализираше овој значаен духовен проект.

По завршувањето на верскиот чин, во 13:30 часот се одржа народна прослава на спортското игралиште во селото. Настанот привлече голем број посетители кои заедно со мештаните го одбележаа овој историски момент со песна, игра и заедничка радост.

Организаторите упатија благодарност до сите кои присуствуваа и со своето присуство го поддржаа овој духовен настан, кој претставува поттик за понатамошно обединување и зацврстување на христијанската вера во регионот.

Фото+Видео: С.Николич