Манастирски комплекс „Света Троица“ – духовен бисер кој привлекува многу верници
На ридот јужно од кумановското село Скачковце се издигнува манастирскиот комплекс „Света Троица“ – духовен и туристички белег кој сè повеќе го привлекува вниманието на жителите од Куманово и пошироко низ Македонија.
Комплексот се одликува со неколку импресивни обележја, меѓу кои доминира 12 метри висок крст, како и велигденско јајце со вкупна тежина од 12 тони – симболика која ја збогатува духовната и културната вредност на просторот.
Црквата „Света Троица“ е изградена во 2000 година од вешти мајстори од Вевчани, на местото каде некогаш стоел само крст како обележје на светост. Година подоцна, во 2001, храмот беше осветен, поставувајќи темел за натамошниот развој на овој значаен верски комплекс.
Фото: Facebook/Македонска Заедница во Малта/Macedonian Community in Malta