Sign In

Блог

Последни вести
Поставен крст во Николич – симбол на вера и заедништво

Поставен крст во Николич – симбол на вера и заедништво

Во недела, на 1 јуни 2025 година, во селото Николич, општина Дојран, ќе се одржи свечено осветување на Светиот крст поставен на локалитетот „Градиште“. Настанот е во организација на црковниот одбор на храмот „Св. Ѓорѓи Великомаченик“ од селото Николич, а церемонијата на осветување ќе започне во 11 часот, на самото место каде што е поставен крстот.

По завршувањето на верскиот чин, во 13:30 часот ќе следи народна прослава на спортското игралиште во селото, каде што се очекува да се соберат мештани, гости и верници од поширокиот регион.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани од општина Дојран, како и од цела Македонија, да присуствуваат на овој значаен духовен и заеднички настан, со кој симболично ќе се зацврсти верата и заедништвото меѓу народот.