Осветен крстот на црквата „Св. Никола Летен“ во село Кнежево
На 22 мај беше осветен крстот на црквата „Св Никола Летен“ во село Кнежево, Кратово, каде што беа присутни голем број верници.
Темелите на овој свет храм беа положени во 2019 година, кога со благослов и чиноначалство на неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион започна изградбата на ова духовно светилиште. Од тогаш до денес, благодарение на посветеноста, љубовта и донациите на бројни верници, фирми и добротвори, изградбата на црквата бележи значителен напредок.