Sign In

Блог

Последни вести
Денес се чествува празникот на Св. Василије Острошки во првиот манастир посветен на него во Македонија

Денес се чествува празникот на Св. Василије Острошки во првиот манастир посветен на него во Македонија

Денес, 12 мај 2025 година, се слави празникот Св. Василије Острошки, еден од најпочитуваните светци во православниот свет. Во чест на овој голем светец, во прилепското село Чумово се гради првиот манастир во Македонија. Овој манастир ќе биде духовен дом за сите верници, место за молитва, тишина и собири во природата.

На овој празничен ден, на местото на идниот манастир, ќе се одржи првата света литургија. Богослужбата ќе започне во 09:30 часот, а по неа сите присутни ќе имаат можност да учествуваат во заеднички ручек и музичка програма како дел од свеченото одбележување.

Секој православен верник е поканет да присуствува, да се помоли и да го поддржи ова значајно дело. Вашето присуство и помош ќе бидат од големо значење за брзото и успешно завршување на изградбата на манастирот, кој ќе остане духовен белег за идните генерации.

Природата околу Чумово создава идеални услови за манастирски живот и молитвена тишина. Селото се наоѓа само 6 километри оддалечено од Прилеп и има долгата и значајна историја, која само ја збогатува неговата духовна вредност.