Осветен православниот храм „Св. Недела“ во Соколарци
На 4 мај 2025 година, во Третата недела по Воскресението – Неделата на Светите Мироносици, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, изврши чин на осветување на новоизградениот параклис посветен на Светата великомаченичка Недела, во селото Соколарци, кочанско.
Овој параклис претставува дело на љубовта и посветеноста на ктиторите, односно Марјан Динов, Душко Динев, Ванчо Динев и Ласте Јанковски, заедно со нивните семејства, кои со вера и љубов придонеле за изградбата на овој свет храм.
Видео+Фото: TVKanal8 (Принтскрин)