Sign In

Блог

Последни вести
(Фото) Уметнички јајца за Велигден – Саат кула, полиња на жито и луѓе во народна носија

(Фото) Уметнички јајца за Велигден – Саат кула, полиња на жито и луѓе во народна носија

Големи велигденски јајца беа поставени низ Штип, а на истите беа насликани уметнички дела кои го отсликуваат градот.

Штип низ окото на наивната уметност, почнувајќи од Саат кулата, до Штипско Ново Село со мостот на реката Брегалница и риболовот, мотиви од Штипска фурна,полиња на жито, афион, памук и сончоглед, воденица, стара чешма, пчелни сандаци карактеристични за нашето поднебје, луѓе претставени во народна носија, ластовичките и штркот како симбол на пролетта.

„Благодарност до Заедницата на Хрватите „Либертас“, до Елена Џамбазова и Дамјан Андонов ученици при СОУ Гимназија Славчо Стојменски-Штип под менторство на проф.Сара Петров“, објави градоначалникот Иван Јорданов.