(Фото) Осветен крстот на црквата „Св. Варвара“ која е во изградба
Митрополитот Брегалнички господин Иларион на 13 април 2025 година го изврши чинот на осветување на крстот за куполата на храмот во изградба посветен на „Св. Варвара“ во кочанско Уларци.
Црквата со помош од страна на жителите во село Уларци, но и донации од граѓани и бизнисмени продолжи со доградбата на средината на минатата година.
Уларци се наоѓа на 15 километри од градот Кочани, а беше единствено село кое немаше своја црква во околината.