Sign In

Блог

Последни вести
Петочко водиче и лековит извор кој дава надеж: Сашо изгради црква која им помага на болните (Фото)

Петочко водиче и лековит извор кој дава надеж: Сашо изгради црква која им помага на болните (Фото)

Црквата „Света Петка“ е една од најпознатите духовни и природни оази во тетовскиот регион. Сместена е во селото Беловиште, во живописната месност Петочко Водиче, веднаш до прочуените Беловишки водопади. Овој предел плени со својата недопреност и природна убавина, а самата црква претставува место на мир, молитва и исцеление.

Изградбата на црквата е заслуга на иселеникот Сашо Јаковчевски, кој потекнува од Беловиште, но долги години живеел и работел во Детроит, САД. Во 1997 година, воден од визија и длабока духовна поврзаност со родниот крај, Сашо се враќа во Македонија и заедно со својот татко Живко и други иселеници од Детроит ја подига црквата. Според неговите зборови, сонувал дека треба да изгради храм, а низ храмот ќе тече вода што ќе носи лековита моќ – ќе ги исцелува болните, а слепите ќе прогледуваат.

Црквата е посветена на Света Петка, заштитничка на болните и немоќните. Под сенките на стогодишни дрвја од бука, даб и костен, покрај главниот храм се издига уште една мала црквичка, што уште повеќе ја надополнува духовната атмосфера на местото.

Најголемото чудо поврзано со ова светилиште е водата која тече низ самата црква. Од корените на околните дрвја извираат бројни извори, но еден мал, скромен извор е насочен директно кон црквата. За него одамна се верува дека има лековита моќ, особено за болести на очите. На спомен-плочата поставена до изворот стои натпис: „Оваа чешма е лековита за очи“.

Фото: Петачко Водиче