Sign In

Блог

Последни вести
Македонски ракотворби – идеален подарок за 8 Март

Македонски ракотворби – идеален подарок за 8 Март

Ако се двоумите каков подарок да изберете за Денот на жената – 8 Март, вистинското место за инспирација е традиционалниот базар на ракотворби во ГТЦ. На приземјето ве очекуваат дваесетина тезги, каде што самите занаетчии ќе ве пречекаат со топлина и насмевка, подготвени да ви ги претстават своите уникатни изработки.

Секое парче е создадено со љубов, посветеност и внимание кон деталите, што го прави совршен избор за подарок со лична нота. Од рачно изработен накит и декоративни предмети до уметнички сувенири, изборот е навистина богат и разновиден, нудејќи можност да пронајдете нешто навистина посебно за саканата личност.

На базарот ќе биде прикажан широк асортиман на ракотворби, од мартинки, плетени алки, накит изработен од епоксидна смола, полимерна глина, кожни и дрвени аксесоари и модни додатоци, полудрагоцени камења и кристали, филигрански накит, декоративни свеќи, домашни етерични масла, природни цвеќиња, па сѐ до сребрен накит и уметнички слики.

За сите заинтересирани, традиционалниот осмомартовски базар, организиран од Занаетчиска комора Скопје и ГТЦ, ќе трае од 1ви до 8ми Март, секој работен ден (освен недела), 10-20часот. Повелете, разгледајте и уверете се во мајсторството на нашите занаетчии – ракотворци. А зошто да не одберете и нешто уникатно за вас, или за вашите најблиски.

Ракотворците кои ќе ни се претстават се: Креативно студио Алегра, Филигран М Накит, Farina’s Handmade, Катарина Дода Јувелир, Добро Ми Стои, Арт студио С, Ателје Сиена, Siena Silver Jewelry, My precious, M&M Luxury Soap Bouquet, Декорации Марија, Уметничко студио Фантаст, Паеон, Шарена Приказна, Хеклана, Студио Кристина, Шарено ќоше, Дониа Ма, Мама Органа.