Лековитата вода во „Св. Петка Римјанка“ која им помогнала на многу луѓе
Манастирот „Св. Петка Римјанка“ се наоѓа во селото Оровник, во близина на Охрид, а сред него извира и тече петочна лековита вода.
Според раскажувањата на мештаните, но и многу луѓе кои биле во манастирот, лековитата вода им помогнала да решат голем број здравствени проблеми.
Пред самиот влез во црквата се наоѓа и знак на кој е истакнато дека сред манастир извира вода, а истата помага за очи, главоболка, а прочуена е и за жени неродилки.
Манастирот располага со конаци за престој и двор за душевен мир, каде што ќе може посетителите да одморат.
Фото: Св. Петка Римјанка