Отворен првиот дуќан за ткаење на македонски носии (Видео)
Дамјан и Сара се двајца ентузијасти полни со љубов кон македонската традиција и решија да отворат уникатен дуќан во Скопје.
Тие двајца изработуваат македонски народни носии и рачни ткаења на разбој, а нивната цел е да ја зачуваат автентичната македонска култура.
Ова е прва продавница од ваков тип која се наоѓа во главниот град. Тие раскажаа за „Гласот на Америка“ дека нивните почетоци во занаетот биле на само 15 години, а биле инспирирани од бабата на Дамјан.
Освен традиционални носии, во дуќанот на Дамјан и Сара се изработува и накит – мунистрени алки, мунистрени колани и други. Исто така, откупуваат и оригинални народни носии, а воедно и реставрираат.
Видео: Глас на Америка