Sign In

Блог

Последни вести
Еден од најстарите брестови во Европа се наоѓа во Македонија

Еден од најстарите брестови во Европа се наоѓа во Македонија

Во село Негорци, во прегратки на црквата „Св. Атанасиј Велики“, живее еден од најстарите брестови во Европа, кој раскажува приказна за адетите и обичаите низ годините.

Брестовите низ Европа се речиси уништени, но овој успеал да преживее во дворот на црквата. Жителите за брестот велат дека сè уште е жив затоа што е под закрила на светецот.

Се наоѓа во црковниот двор каде што се правеле обреди и се смета дека ова свето место помогнало брестот да не се исуши цели пет века и да раскажува за историјата на македонскиот народ.

„Св. Атанасиј Велики“ е главна селска црква во гевгелиското село Негорци, а претставува и парохиски храм на Негорската парохија на МПЦ-ОА. Таа била изградена во XIX век од непознат градител, а потоа била обновена во 1996 година.

Извор: Dendrology Macedonia by Prof. Jane Acevski, Ph.D.