Sign In

Блог

Последни вести
Крст висок 10 метри ќе се гради кај споменикот Карпалак

Крст висок 10 метри ќе се гради кај споменикот Карпалак

На социјалните мрежи се појави иницијатива, објавена од Филип Петрески, за подигнување на 10-метарски крст во склоп на паркот кај споменикот Карпалак.

„Со голема љубов и вера, ја покренуваме оваа света иницијатива заедно со манастирскиот, црковниот одбор и месната заедница на с. Пашино Рувци – подигнување на 10-метарски Свет Крст во склоп на паркот кај споменикот Карпалак“, се вели во иницијативата која беше објавена на „GoFundMe“.

На платформата се собираат парични средства за изградба на светиот крст, а според објавеното, потребни се 4.000 евра за реализација на ова благородно дело.