Крстот на штипскиот Исар повторно го осветлува македонското небо (Фото)
Тврдината Исар е значаен историски и културен симбол на Штип, лоцирана на рид висок околу 150 метри над реката Брегалница. Нејзината стратешка позиција била забележана уште од римско време, кога местото било познато како Астибос.
Во текот на 14 век, на овој рид била изградена тврдина со ѕидови широки околу 1,3 метри, која се состоела од два дела: дворец (замок) на врвот и стопански дел на падините, а исто така на врвот на ридот е поставен и крст кој повторно го осветлува македонското небо.
По пауза од неколку недели крстот на штипскиот Исар повторно свети, а фотографиите ги објави Миле Кокотов.
Фото: Миле Кокотов