Sign In

Блог

Последни вести
Песна посветена на Исус Христос: Јована ја објави „Денес се роди Месија“ (Видео)

Песна посветена на Исус Христос: Јована ја објави „Денес се роди Месија“ (Видео)

Младата и талентирана македонска пејачка Јована Богданоска, која се истакнува со изведби на изворна, етно и верска музика, на 6 јануари во 18:00 часот ја промовираше својата најнова песна.

Композицијата, насловена „Денес се роди Месија“, е посветена на Исус Христос и беше објавена токму на овој значаен христијански празник, додавајќи духовна димензија на празничното расположение. Со својот топол глас и искрена емоција, Јована успева да ја допре публиката и да внесе дополнителна смисла во одбележувањето на Божиќ.

Јована, 18-годишна девојка од тетовското село Брвеница, продолжува со посветеност и страст да ја развива својата музичка кариера.