Манастир „Свети Илија“ и петте извори со лековита вода
Шопскорударскиот манастир, односно манастирот „Свети Илија“ се наоѓа во североисточниот дел на Македонија во селото Шопско Рударе, е познат е по тоа што во негова близина има пет извори со лековита вода.
Според верувањето на мештаните, но и посетителите, изворите се лековити и истите решаваат проблеми со очи, уши и половина. На секој од изворите е означено за каков проблем се користи водата.
Манастирот е сместен во месноста наречена Пет Кладенци, а до истата носи асфалтен пат направен во 2016 година, додека во склоп на манастирот има црква, параклис, конак и помошни простории.
Фото: Сашо Оги Ивановски