Sign In

Блог

Последни вести
Крст висок седум метри кој го чува небото над Нижеполе

Крст висок седум метри кој го чува небото над Нижеполе

Во месноста наречена Голема Стена, која се наоѓа над селото Нижеполе во 2020 година беше поставен седумметарски крст.

Крстот се наоѓа на карпа над црквичето посветено на „Света Петка“, а идејата била на локални жители кои со помош на битолска компанија успеале да го изградат христијанскиот симбол.

Светиот симбол бил поставен на 26 август 2020 година, додека истиот бил осветен на Крстовден, односно 27 септември 2020 година.

Локацијата каде што е поставен крстот нуди спектакуларен поглед кон природата и селото Нижеполе.

Фото: MKD Macedon