Sign In

Блог

Последни вести
Чудо во црквата „Свети Никола“ – се појави ликот на Богородица (Видео)

Чудо во црквата „Свети Никола“ – се појави ликот на Богородица (Видео)

Чудесен настан се случи во црквата „Свети Никола“ во Чаир, кој остави без здив сите присутни. Еден од присутните снимил несекојдневен момент, а на видеото јасно се забележува како од горењето на свеќите поставени на плехот, постепено се оформува облик што наликува на телото и ликот на Пресвета Богородица.

Овој необичен настан се случи токму на големиот христијански празник – Пречиста Богородица, додавајќи му уште поголема духовна тежина и значење.

Храмот „Свети Никола“ во скопската населба Топанско Поле – Скопје Север претставува вистински симбол на упорноста и верската посветеност. Неговата изградба започнала во 1995 година и траела цели 21 година.

Со многу труд, пожртвуваност и љубов од верниците и заедницата, конечно, на 19 декември, во понеделник, на празникот посветен на Свети Николај Чудотворец, храмот беше свечено осветен во 2016 година.

Видео: Боемот 2.0