Битките што историјата ги премолчи: Тајни и необјавени стратегии на Александар Македонски
Александар Македонски оставил голема трага во историјата со своите големи освојувања и воени вештини. И додека познатите битки како Граник, Исос и Гавгамела се дел од неговата легенда, некои помалку споменувани битки ја откриваат неговата суптилна генијалност и уникатни стратегии. Овие битки, иако заборавени од пошироката јавност, биле од клучно значење за ширење на неговата империја:
- Битката кај Пелион (335 година п.н.е.)
Оваа битка се случила во северниот дел на Александаровата империја, во регионот што денес го покрива Албанија. По смртта на неговиот татко Филип II, северните племиња, вклучувајќи ги Илирите и Таулантите, виделе можност за бунт. Нивната цел била да го спречат Александар да ги консолидира своите позиции на Балканот пред да започне кампањата во Азија.
Тек на битката:
Александар намерно ги оставил своите сили на позиција што изгледала ранлива, дозволувајќи им на Илирите да се приближат. Но, ова било внимателно смислено, кога непријателот се приближил, македонската фаланга ги опколила и ги одделила од главниот камп.
Пелион бил опкружен со планински терен. Александар го искористил ова за да ги блокира патиштата за снабдување на Илирите, принудувајќи ги да се повлечат.
Резултатот е тоа што оваа битка не само што го зајакнала Балканот како безбедна зона за Александар, туку и ги заплашила соседните племиња, одвраќајќи ги од идни бунтови.
- Опсадата на Халикарнас (334 година п.н.е.)
Халикарнас, тогашен град-држава со значајна стратешка позиција, бил под контрола на персискиот сатрап Оронтобат. Со поддршка од персиската флота, градот претставувал пречка за Александаровото напредување низ Мала Азија.
Тек на опсадата:
Александар ги усовршил опсадните машини, продолжувајќи ја традицијата на неговиот татко. Огромните кули и овни за рушење успеале да пробијат дел од ѕидовите на градот.
Персиската флота била голема закана, но Александар успеал да воспостави копнена блокада што ја намали можноста за снабдување.
Халикарнас пружил долг отпор. Оронтобат и персиските сили користеле тунели под ѕидовите за контранапади, но Александаровата дисциплина војската ги одбила.
Резултатот е тоа што со падот на Халикарнас, Александар обезбедил значителен дел од западната крајбрежна линија на Мала Азија, отворајќи пат за понатамошни освојувања.
- Битката кај Аорнус (327 година п.н.е.)
Аорнус била природна тврдина во подножјето на Хималаите, контролирана од локални племиња. Нивната територија била последна пречка пред Александар да навлезе во долината на Инду. Легендите велат дека ниту Херакле не успеал да ја освои оваа тврдина, што ја правело непокорлива.
Александар регрутирал искусни планинари за да се искачат на околните врвови. Овие маневри го изненадиле непријателот, кој не очекувал напад од толку стрмен терен.
Наместо директен напад, Александар ја намалувал одбраната на тврдината постепено, напредувајќи од височините надолу.
А оваа битка имал силно значење бидејќи цо освојувањето на Аорнус, Александар ја потврди својата слава како освојувач на невозможните места.
- Првата битка против Спитамен (329 година п.н.е.)
Во Средна Азија, Александар се соочил со герилската тактика на Спитамен, локален лидер кој знаел како да го искористи тешкиот терен и поддршката од локалното население.
Александар вовел помали, подвижни единици кои биле способни за брзи напади и повлекувања.
За да ја намали поддршката на Спитамен, Александар склучил сојузи со одредени племиња, покажувајќи дека не е само освојувач, туку и дипломат!
Иако Спитамен продолжил да му создава проблеми на Александар, оваа стратегија помогнала да се одржи контрола врз регионот и да се намалат загубите на македонската војска.
Забрането копирање на целиот текст или делови од истиот без дозвола од страна на уредниците на „Gladiator.mk“.