Sign In

Блог

Последни вести
Чудо во Враништа: Се појави ликот на Исус Христос

Чудо во Враништа: Се појави ликот на Исус Христос

Во селотo Враништа, во близина на Струга, Црквата Св. Кузман и Дамјан стана центар на внимание откако верници тврдат дека забележале лик на Исус Христос на местото каде што се палат свеќите. Настанот предизвика голем интерес меѓу локалното население и посетителите, кои доаѓаат во црквата за да се помолат и да сведочат на оваа појава.

Многумина го сметаат ова за знак од Бога, поттикнувајќи ги да се молат за благослов и заштита. Оваа појава повторно ја истакнува важноста на верата и молитвата кај луѓето.

До 2009 година постоел помал храм, додека во ноември истата година почнала изградбата на поголема црква. На 12 октомври 2014 година бил осветен новиот храм, а ктитор на црквата е Новко Плаќаноски од Драслајца. Изградбата била помогната и со донации од месното население, но и други верници.

Фото: Jovan Janceski (https://www.facebook.com/JovanjohnnyJanceski)