Ранохристијанската базилика откриена до црквата Света Софија
На локалитетот „Зарчевци“, во непосредна близина на познатата црква Света Софија, археолозите откриле остатоци од ранохристијанска базилика, каде што посебно се истакнува убавината на крстилницата, како и добро зачуваните подни мозаици и фрескално украсените ѕидови.
Во соседниот локалитет „Манчевци“ веќе е завршен процесот на конзервација и презентација на дел од претходно откриените мозаици, ѕидови, столбови и арки, кои, заедно со новите археолошки наоди, формираат единствена историска целина.
Овие археолошки откритија се сведоци на нашето историско и културно наследство, но и важен дел од идентитетот на Македонија. Тие служат како поттик за идни археолошки истражувања и како поддршка за промоцијата на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност.
![](https://i0.wp.com/www.gladiator.mk/wp-content/uploads/2024/11/2-1.jpg?resize=760%2C428&ssl=1)
![](https://i0.wp.com/www.gladiator.mk/wp-content/uploads/2024/11/466023064_573283171879364_4171791457508102558_n.jpg?resize=760%2C507&ssl=1)