Sign In

Блог

Последни вести
Симбол на верата и љубовта: Поставен и осветен уште еден крст (Фото)

Симбол на верата и љубовта: Поставен и осветен уште еден крст (Фото)

На крајот на 2023 година беше подигнат светиот крст во дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, а конечно на 20 октомври 2024 година беше осветен во присуство на голем број верници.

Церемонијата на осветување на крстот во скопското село Горно Коњари ја изведе Епископот дељадровско-илинденски – г.Јоаким – со парохиските свештеници.

Овој значаен чин, предводен од Епископот дељадровско-илинденски, г. Јоаким, со парохиските свештеници, носи длабока симболика на верата, надежта и љубовта.

Крстот, кој сега стои како светилник над селото, претставува симбол на христијанската вера, но и потсетник на заедничките вредности, човекољубие и пат кон духовното спасение.

„Благодарност до организаторите на оваа церемонија, спонзорите кои учествуваа и помогнаа со нивните донации и на сите кои дадоа свој придонес во изградба на крстот. Им се заблагодаруваме и на посетителите кои не почестија со нивното присуство денес“, гласи пораката на фејсбук-профилот „Горно Коњари“.

Фото: Горно Коњари (ФБ)