Sign In

Блог

Последни вести
Охридското езеро крие тајна стара 8.000 години (Видео)

Охридското езеро крие тајна стара 8.000 години (Видео)

Охридското езеро е најголемо и најзначајно во Македонија, а воедно и најстаро во Европа и крие голем број тајни. Неговата уникатна екосистемска вредност и богатство на биодиверзитет го прават важен природен резерват и културно наследство под заштита на УНЕСКО.

Природната убавина која ја делиме со Албанија привлекува голем број туристи со своите историски локалитети и прекрасни пејсажи во кои можете да уживате со часови.

Научниците открија остатоци од најстарото познато езерско село во Европа, а истото е пронајдено на помалку од 10 километри од македонската граница, односно во албанското село Лин.

„Си-Би-Ес“ објави дека научниците откриле село кое датира од 6.000 до 5.800 година пред наша ера, односно старо околу 8.000 години.

Според научниците, селото било дом на околу 500 жители, а притоа постојат и околу 100.000 колци на дното на езерото кои биле користени за создавање на одбранбена преграда.

Секако, може да уживате и во разни убавини кои се наоѓаат од македонска страна, а најблиску до селото Лин се наоѓа и прекрасната Радожда.

Фото: 2cupsoftravel