Чудотворната моќ во црквата „Св. Јован Крстител“ во подножјето на Водно
Во подножјето на Водно, во скопската населба Капиштец се наоѓа православната манастирска црква „Свети Јован Крстител“, а во округот на светиот храм се наоѓаат и извори на света вода за која се верува дека има чудотворна моќ.
Денеска, на 6 октомври 2024 година, кога се празнува еден од најголемите празници посветен на Свети Јован Крстител, ја откриваме тајната која ја крие црквата која е важна за жителите во Капиштец, но и останатите посетители.
Црквата датира од старо време, но сегашниот објект е од поново време, а приказната почнала да се шири кога еден жител на населбата пронашол крст и икона на Свети Јован додека го чистел изворот на вода. Откако им раскажал на соседите за тоа што му се случило, почнале верници да го посетуваат местото и да се мијат со водата од изворот.
Водата била лековита и се користела за уроци, а изворот се наоѓа во непосредна близина на црквата, во карпата која е засечена како со нож во карпа. Сепак, тоа не е единствен извор, туку во задната страна на светиот објект има кладенец со жива вода во параклисот од камен, кој е изграден во чест на Пресвета Богородица.
Фото: Raso mk + Стојна Василева