Sign In

Блог

Последни вести
Христијани, ајде да се сплотиме за „Св. Троица“

Христијани, ајде да се сплотиме за „Св. Троица“

Пред повеќе од една година, односно на 25 март 2023 година беа поставени и осветени темелите на новиот храм „Св. Троица“ во пробиштипското село Пишица.

Темелите и изградбата на храмот беа помогнати од општествено-одговорни компании, но и хумани граѓани кои помогнаа финансиски за да отпочне изградбата на светиот храм.

Во изминатите месеци беше делумно изграден објектот, поставен кров на истиот, како и светиот црковен крст на 1 октомври 2023 година. Сепак, потребни се уште средства за да се доизгради објектот.

Црковниот одбор преку социјалните мрежи им се заблагодари на досегашните донатори, изведувачи и мајстори, а воедно посочи дека очекуваат уште поголема поддршка со цел конечно да се заврши светиот објект.

„Средствата наменети за градбата на црквата може да се уплаќаaт на следната жиро сметка:

Брегалничка епархија Штип, ж-см 300080000118663, депонент: Комерцијална Банка,

цел на дознака: За изградба на Црква ,,Св. ТРОИЦА’’- с.Пишица Пробиштип“, се вели во објавата на нивната страна на социјалните мрежи.

Храмот е посветен на „Св. Троица“ затоа што жителите на Пишица го слават празникот како селска слава.

Фото: Црква Св.Троица С.Пишица