Крстовден во Чумово: Повик до верниците од управата на новиот манастир
Во прилепското село Чумово е во тек изградба на нов манастир посветен на Св. Василиј Острошки. Со многу труд и посветеност, управата го реализира овој значаен проект, со цел да создаде уште едно свето место за прилепчани, опкружено со прекрасна природа.
На 27 септември, по повод православниот празник Крстовден, управата ги повикува сите верници да присуствуваат на света литургија која ќе започне во 10:30 часот.
Посетете го манастирот и придонесете за изградбата на овој нов духовен храм.
Фото+Видео: Маркукуле