Крниниски манастир ги кани верниците заедно да го прослават Рождество на Пресвета Богородица
Манастирот „Света Богородица – Пречиста“, кој е познат и како Крнински манстир, ги покани верниците на одбележување на спомен на раѓањето на мајката божја.
Во 18 часот ќе почне вечерната богослужба, на која ќе началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а притоа една искушеничка од ова сестринство ќе биде вброена кон рамноангелскиот монашки чин.
Утрената богослужба претходно ќе почне во 7 часот, а потоа во 8.45 часот ќе биде пречекот на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит г.Илија од Финска и Старецот и Епископ Антаниски г. Партениј.
„Св. Богородица Пречиста“ е средновековен манстир во областа на градот Кичево, а во минатото бил нарекуван Крнински манастир, но тоа име се користи и денес.
Според преданијата на местото на поранешниот древен храм, во близина на светата чешма, во 1316 година е изграден манастир посветен на Пресвета Богородица, но истиот е запален од Османлиите во 1558 година.
Фото: Kiril Simeonovski