Од Света Гора директно во Скопје доаѓа чудотворната икона „Троеручица“
На празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 20 септември во Скопје ќе биде донесена икона на „Троеручица“ од манастирот Хиландер кој се наоѓа во Света Гора.
Пречекот на чудотворната икона ќе биде во 17 часот пред храмот на „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што се поканети сите верници, а потоа ќе следи празнична вечерна богослужба и литија со иконата низ центарот на Скопје.
Светата архијерејска литургија, со која ќе началствува Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе се одржи в сабота, на 21 септември.
„Троеручица“ е позната чудотворна икона во манастирот Хиландер на Света Гора, а на неа е претставена Пресвета Богородица со малиот Исус.