Осветен уште еден крст кој ќе го штити македонското небо
Селото Долно Српци, кое се наоѓа во околината на градот Битола, доби висок крст кој на 14 септември беше осветен присуство на Неговото Преосвештенство Епископот Велички Господин Никола и свештени лица кои се во служба на Преспанско-Пелагониската епархија.
Најголема заслуга за подигнување на светиот крст има месното население и Црковниот одбор од селото, додека за крстот се одвоени средства од буџетот на Општина Могила.
Крстот е осветлен, а изградени се и пристапни патеки и осветлување на патот до христијанскиот симбол во ова село.
Името на селото се поврзува со неговата местоположба, односно теренот наликува на заоблен лак во вид на срп, поради што било наречено Долно Српци.